Поранешната НФЛ ѕвезда Том Брејди стана малцински сопственик на англискиот фудбалски второлигаш Бирмингем, соопшти денеска клубот.
Брејди, кој е седумкратен освојувач на Супербоул во НФЛ лигата, склучи партнерство со компанијата Бирмингем Сити Најтхед Капитал Менаџмент и стана претседател на новиот советодавен одговор на фудбалскиот клуб Бирмингем.
„Бирмингем е култен клуб со толку богата историја и страст, и за мене е чест да се биде дел од „Сините“, порача Брејди во видеопорака објавена на официјалниот сајт на англискиот клуб.
Бирмингем последен пат настапуваше во Премиер лигата во 2011 година кога го освои Лига купот.
Брејди во својата НФЛ кариера освои шест титули со Њу Ингланд и една со Тампа Беј пред во февруари оваа година да објави збогување со активното играње.