Македонскиот фудбалски првак „Струга Трим Лум“ во Скопје ќе биде домаќин идната недела на „Свифт Хеспер“ од Луксембург во рамки на првиот натпревар од третото коло во Конференциската лига на УЕФА.
Натпреварот, како што соопшти попладнево Струга, ќе се игра идниот четврток на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 21 часот.
Двата свои европски натпревари претходно оваа сезона фудбалерите на Струга ги одиграа на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, каде беа поразени од „Жалгирис“ (1-2), а триумфираа над „Будуќност“ (1-0).
Реваншот е на 17 август во Луксембург, а поуспешниот од пресметката меѓу Струга и Свифт ќе обезбеди пласман во плејофот во Конференциската лига.