Одиграни се последните натпревари во групната фаза на Светското првенство за фудбалерки на кое последни патници во осминафиналето се репрезентациите на Мароко и Колумбија.
Во нивниот меѓусебен дуел Мароко попладнево триумфираше со 1-0 што беше резултат кој и двете репрезентации ги однесе во нокаут фазата.
Групата фаза не успеа да ја мине двократниот светски првак Германија, откако одигра само нерешено 1-1 против Јужна Кореја.
Осминафиналето на СП кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд стартува в сабота со дуелите меѓу Шпанија – Швајцарија и Јапонија – Норвешка.
Во преостанатите дуели, од недела до вторник, ќе играат Холандија – Јужна Африка, САД – Шведска, Англија – Нигерија, Австралија – Данска, Колумбија – Јамајка и Франција – Мароко.