Скопје домаќин на најдобрите светски пингпонгари

ping-pong
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје од 5 – 9 септември ќе се одржи меѓународен турнир во пинг-понг на кој веќе се пријавени играчи кои котираат меѓу најдобрите 10 во светски рами.

– Ова е втор натпревар од ваков тип кој го организира Пингпонгарската федерација на Северна Македонија. Првиот се одржа минатата година од 7 до 11 септември исто така во Скопје, а официјалниот постер за турнирот е составен од минатогодишните најинтересни моменти дел од турнирот. Ги покануваме сите љубители на пинг-понгот, но и сите оние кои досега не се “сретнале” со овој спорт да присуствуваат на натпреварите. Ветуваме возбудливи удари, поени, сетови и мечеви, стои во апелот на ППФСМ.


Во машка конкуренција на еден месец до одржувањето на „WTT Youth Star Contender Skopje 2023“ помеѓу другите пријавени се и :Французинот Хуго Дешамп и Чанкг Ју Ан од Тајпеј како 6. и 8-мо рангирани, соодветно, додека во женска конкуренција Ли Даун од Јужна Кореја како 5. рангирана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK