Моравјецки: „Вагнер“ ќе се обиде да го дестабилизира источното крило на НАТО

moravjecki
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека борците на руската паравоена група „Вагнер“ се приближуваат до источното крило на НАТО со цел да го дестабилизираат.

-Полска ќе одговори недвосмислено на овие руски и белоруски провокации, рече Моравјецки на заедничката прес-конференција со литванскиот претседател Гитанас Науседа, пренесува Полското радио.


Тој додаде дека во Белорусија има околу 4.000 „вагнеровци“ и дека на овој начин Русија ја тестира реакцијата на Полска и нејзините сојузници.

-Мора да бидеме свесни дека бројот на вакви провокации ќе се зголемува, изјави полскиот премиер.

Неодамна од Минск беше објавено дека одреден број „вагнеровци“ почнале да ги обучуваат припадниците на белоруската армија, поради што полските власти испратија над 1.000 војници во близина на границата со Белорусија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK