Во пожарот пред Отовица кај велешкото езеро „Младост“ изгореа 50 хектари сува трева, нискостеблеста шума, багреми и борчиња

pozar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во пожарот кој вчера попладне избувна пред влезот на селото Отовица во близина на велешкото езеро „Младост“ изгореа 50 хектари сува трева, нискостеблеста шума, багреми и дел борчиња.

Пожарот бил пријавен во 13:30 часот, а изгаснат во 19:40 часот, но екипа на Територијалната Противпожарна Единица од Велес со шест пожарникари и едно противпожарно возило синоќа беше оставена на  терен за секој случај, информираат за МИА од Регионалниот Центар за управување со кризи Велес.


-Во едно време имало опаснот и по куќите во селото, но брзата и навремена кординирана акција на сите надлежни, а и со подршка од полицијата и локалната власт и градоначалникот Марко Колев, ЈКП „Дервен“, ШС Бабуна и месното население го спречи проширувањето на пожарот, велат од РЦУК Велес.

Во пожарот биле вклучени 16 пожарникари со пет противпожарни возила, една цистерна со двајца вработени од ШС „Бабуна“ и девет вработени од ЈКП„Дервен“ и месното население. Во гаснење на пожарот се вклучи и еден хеликоптер на МВР и два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување.

Истрагата на СВР Велес треба да открие што е причината за овој пожар, информира за МИА, Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Надлежните се сомневаат дека како и во изминатиот пожар на истата локација од 31 јули годинава причина е фрлен отпушок од цигара на автопатот Велес – Скопје, а потоа пожарот се проширил. Но тогаш  пожарот беше помал и побрзо беше изгаснат и имаше помала штета. Од полицијата велат дека затоа тешко може да го открие сторителот на пожарот.

Самарџиев потенцира дека брзото гаснење на пожарот е дел од заедничката  акција на сите надлежни институции добро поврзани и кординирани пред почетокот на летната сезона, а во рамките на акцијата „Безбедно лето“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK