МВР информира дека во текот на вчерашниот ден во спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, биле санкционирани 481 возач.
– Од нив 68 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 173 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 308 надвор од населено место, соопштуваат од МВР.