Украинските власти тврдат дека собориле околу 15 руски дронови кај Киев

kiev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинската воздушна одбрана во текот на изминатата ноќ собори околу 15 беспилотни летала кои се движеа кон Киев, изјави утринава началникот на воената управа на Киев, Сергеј Попко.

Украинските сили „открија и уништија околу 15 воздушни цели на приодот кон Киев“, изјави Попко на Телеграм, додавајќи дека станува збор за експлозивни дронови од типот „Шахид“.


„Според моментално достапните информации, нема жртви или штети во главниот град“, додаде тој.

Воздушниот напад, 820-ти по ред врз Киев од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, траеше три часа, прецизираше Попко.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK