Писториус повика на побрз процес на разгледување на барањата за обука или служба во вооружените сили на Германија

20230802184928_big_730x400_25
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус повика денеска на побрз процес на разгледување на барањата за обука или служба во вооружените сили, јави ДПА.  Покрај тоа, треба да се направат повеќе напори за привлекување жени и луѓе со мигрантско потекло во армијата, рече Писториус за време на посетата на центарот на Бундесверот во Штутгарт.

Бројот на апликанти за служба во германските вооружени сили продолжува да се намалува, јави ДПА.  Досега оваа година има 7 отсто помалку апликанти во однос на истиот период минатата година, изјави германскиот министер за одбрана. Сепак, тој очекува пресврт на трендот, велејќи дека барањата за совет за можна кариера во Бундесверот се зголемени за 16 отсто.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK