Српската Влада поттикнува жени претприемачи со бесповратни пет милиони евра

srbija vlada
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на Република Србија усвои Уредба за воспоставување Програма за поттикнување на развојот на претприемништвото преку финансиска поддршка на женското претприемништво во 2023 година. Тоа е со цел зајакнување на претприемништво од страна на жени, зголемување на бројот на економски субјекти и натамошно поттикнување на вработувањето.

Во соопштението на Министерството за економија наведоа дека министерот за финансии Синиша Мали, навел дека 600 милиони динари грантови се наменети за поттикнување на женското претприемништво и дека програмата претставува комбинација на грантови од буџетот и поволни заеми од Фондот за развој.


„ Преку оваа програма ќе бидат поддржани сите жени претприемачи без разлика на годината на основање на нивните бизниси и ќе им се овозможи под поволни услови да добијат финансиски средства за бизнис….Износот од грантови се до 50 проценти, што е највисок процент за сите наши програми за поддршка на претприемништвото“, наведе Мали.

Оваа година во Србија очекуваат околу 250 одобрени барања со таа цел.Јавниот повик ќе биде распишан во следните месец дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK