САД ја пофалија владата на Кенија за одзивот на повикот на Хаити и за решението да ги предводи мултнационалните сили во Хаити за да помогне во справување со влошената безбедносна ситуација од насилството вршено од бандите, се вели во синоќешното соопштение на Стејт департментот.
-САД со нетрпение очекуваат да работат со партнерите на Хаити за успешно извршување на овој процес, вклучувајќи и преку резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која авторизира мултинационални сили на Хаити, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.
САД не запираат со подршката за народот на Хаити, соочен со насилството од бандите во форма на изнуди, киднапирања и убиства. Економската ситуација во земјата е тешка, владее голема сиромаштија. Најнови жртви на киднапирање викендов таму станаа медицинска сестра од САД и нејзината ќерка кои работеле во хуманитарна организација.
Вашингтон ги повика клучните играчи на карипската земја итно да преземат чекори за обнова на демократскиот поредок, согласно интер-американската декларација.
-Ја истакнуваме нашата благодарност до Карипската заедница (CARICOM), нејзината Група на еминентни лица, и Организацијата на американските држави преку својата работна група за Хаити предводена од Тринидад и Тобаго, а за нивната витална подршка кон овие напори, изјави Блинкен.