Албанија: Бескаматни станбени кредити за лекари, полициски и армиски службеници

albanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во насока да им го олесни решавањето на станбеното прашање, албанската влада одлучи да обезбеди бескаматни станбени кредити за лекарите, припадниците на полицијата и армијата.

Годинешната квота е вкупно 300 лица односно по 100 од секој сектор а следните години се очекува бројот да биде поголем.


-Корисниците се избираат врз основа на систем на бодување, а во случај да има повеќе кандидати со еднакви бодови од дефинираните квоти, нивниот избор ќе се изврши според системот на бодување, утврден од самата институција-корисник, јави државната агенција АТА.

Главен услов е подносителите на барањата да се во брак.

Одлуката стапува во сила на 15 месецов а за нејзиното спроведување задолжени се  Министерството за финансии и економија, Министерството за здравство и социјална заштита, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK