– Русија денеска почна вежби во Балтичкото Море, со учество на околу 50 бродови, авијација и 3.000 војници.
Со маневрите „Океански штит 2023“ се предвидени околу 200 воени вежби, соопшти Министерството за одбрана.
Во вежбите учествуваат повеќе од 30 бродови и борбени пловни објекти, 20 бродови за снабдување, 30 авиони и околу 6.000 војници“, се наведува во соопштението.
Целта на вежбите е „да се провери способноста на воената флота да ги брани националните интереси на Русија“.