– Пред споменикот на Гоце Делчев во Струмица денеска беа одбележани 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ.
За значењето на двата Илиндена говореше членот на Советот на општината, Александар Ненчев.
-Денес одбележуваме 120 години од Илинденско востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ. Тоа не прави одважни и горди, затоа што ние сме потомците на илинденците и асномците, подготвени да го исполниме нивниот аманет и да ја авторизираме убавата слика за македонското утре, рече Ненчев.
Цвеќе пред споменикот на Делчев положија претставници на Советот на општината, политички партии и здруженија на граѓани.