Кацарска: Илинден да остане пример за истрајност во формирањето слободна и демократска држава со принципот на владеење на правото

kacarska_345344353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска по повод државниот празник Илинден во свое лично име и во име на Судот упати честитки до сите граѓани.

-Нека овој празник остане пример за силната волја и истрајност во формирањето на слободна и демократска држава со принципот на владеење на правото како единствена визија на сите чинители во општеството, напиша Кацарска во честитката.


Во чест на големиот празник претседателката на Уставниот суд денеска положи цвеќе пред споменикот на слободата „Сила, слава и победа” на тврдината Кале во Скопје. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK