Во Тетово одбележан 2 Август – Денот на Републиката

tetovo_345345444
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Во Тетово пред Споменикот на револуцијата на пригоден начин денеска се одбележа 2 Август, Денот на републиката – Илинден и 120 годишнината од Илинденското востание.

Во организација на Сојузот на борци од Тетово, делегации на општината, политички партии и здруженија на граѓани од Тетово положија цвеќе пред споменикот.


– Денес, кога овој празник свечено се прославува низ целата територија на Македонија, мораме уште еднаш да потсетиме дека патот на младата македонска држава е втемелен врз принципите на АСНОМ и дека Македонија мора да остане на патот започнат со светите идеи на Илинден. Се разбира дека овој пат е тежок, но се надеваме дека ќе го најдеме вистинскиот пат, пат кој води кон помирно, кон подемократско и кон поперспективно општество, а тоа е патот кон перспективна Европа, пат кон интегрирана Европска Унија, истакна Јоцко Димитриевски од Сојузот на борците од Тетово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK