Оставките на ДУИ не можат да бидат условени!
Како бивш пратеник кој ги познава законите, ви тврдам дека такво нешто не постои во Деловникот на Собранието каде оставките мораат да ги достават веднаш. Без да поставуваат услови. Исто е и со Законот за Влада.
Џентлменската партија ДУИ, која е 100 години на власт би требало да го знае и Уставот кој не познава вакви шерифски постапки и уцени!
Затоа, овие “оставки“ не се оставки, туку мајтапење со остатоците на правната држава.