Кина сака да ја мобилизира целата нација во борбата против шпионажата

kina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кина треба да ги охрабри своите граѓани да се приклучат во борбата против шпионажата, вклучително и преку создавање канали за граѓаните да пријават сомнителни активности и да бидат пофалени и наградени за нивниот придонес, соопшти денеска Министерството за државна безбедност.

Мора да се создаде систем што ќе им овозможи на луѓето да учествуваат во контрашпионажа, соопшти Министерството за државна безбедност, главната институција што го надгледува странското разузнавање и контрашпионажата.


Повикот да се промовира антишпионажа до граѓаните уследи по проширувањето на кинескиот закон за антишпионажа, кој стапи во сила минатиот месец.

Законот, кој забранува пренос на информации поврзани со националната безбедност и интереси (нацрт-законот не прецизира кои се тие), ги вознемири САД, тврдејќи оти странските компании во Кина можат да бидат казнети за обични деловни активности.

Ревидираниот закон им дозволува на властите кои истражуваат шпионажа да добијат пристап до податоци, електронска опрема и информации за лична сопственост.

Кина изминатите години уапси десетици кинески и странски државјани под сомнение за шпионажа. Во март беше приведен извршниот директор на јапонскиот производител на лекови „Астелас фарма“

Австралискиот новинар Чен Леи, обвинет од Кина за оддавање државни тајни на друга земја, е во притвор од септември 2020 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK