Неколку илјади френетично расположени навивачи на аргентинскиот фудбалски гигант Бока Јуниорс го пречекаа и громогласно го поздравија новото клупско засилување, 35-годишниот уругвајски напаѓач Едисон Кавани.
Во новиот сино – жолт дрес со бројот 10-, Кавани беше бурно поздравен од навивачите кога се појави на теренот на легендарната „Ла Бомбониера“ на неговото враќање во Јужна Америка по цели 16 години.
Кавани тогаш го напушти уругвајскиот клуб Данубио и во Европа направи респектабилна кариера настапувајќи за Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Валенсија.
Поранешниот уругвајски репрезентативец со Бока потпиша договор до крајот на календарската 2024 година, а би можел да дебитира веќе утре кога Бока јуниорс го игра првиот натпревар од осминафиналето во Копа Либертадорес против Насионал од Монтевидео.