Во гранатирањето на Херсон загина лекар, а медицинска сестра е ранета

ukraina_herson_353422342
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден лекар загина, а ранета е медицинска сестра во руското гранатирање на здравствена установа во Херсон, изјави шефот на градската управа Роман Мрочко.

„Погодена е една од здравствените установи, загина млад лекар кој работел само неколку дена, а ранета е медицинска сестра за чиј живот сега лекарите се борат“, напиша Мрочко на Телеграм.


Во средината на ноември минатата година, руските сили се повлекоа од Херсон, град во јужна Украина, кој го зазедоа во март минатата година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK