Формирана стручна комисија што го утврдува предлогот на листата на лекови на товар на Фондот

medziti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Донесен е новиот Правилник за ставање лекови на позитивна листа, кој се базира на европските пракси во оваа област вклучувајќи ги тука и посебните договори што ќе овозможат достапност на иновативни лекови за нашите пациенти. Формирана е стручната комисија која го утврдува предлогот на листата на лекови на товар на Фондот за здравство осигурување, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Фатмир Меџити.

Оваа комисија, наведе министерот, континуирано ќе работи на изменување и дополнување на Позитивната листа на лекови и верувам дека конечно после долг период ќе воспоставиме функционален систем со цел задоволување на потребите на пациентите со соодветни терапии.


Комисијата е составена од експерти во оваа област, односно претставници од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за лекови и медицински средства, Институтот за претклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија, како и од универзитетските клиники, кои се доктори-специјалисти од различни области на медицината и фармацијата, појасни министерот.

Верува дека фармацевтските компании веќе ја подготвуваат потребната документација за да одговорат на барањата на Правилникот и дека во блиска иднина ќе пристигнат и првите апликации.

– Грижата за пациентите е наш стратешки приоритет и во таа насока Министерството за здравство континуирано работи на надградување на прописите со кои се уредува областа на лековите, нагласи министерот.

Претседателот на стручната комисија, професор доктор Љубица Шутуркова изјави дека после 13 години повторно се има можност да се ревидира листата и се надева оти ќе имаме поголема достапност во ограничените македонски ресурси за здравство што ги имаме.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK