Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се санкционирани 249 возачи.
Од нив, како што денеска соопштија од МВР, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 129 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.