Владејачката хунта во Мјанмар официјално ги одложи изборите што вети дека ќе ги одржи до август годинава, откако дојде на власт со воен преврат во 2021 година.
Лидерот на хунтата, генерал Мин Аунг Хлаинг, прогласи продолжување на вонредната состојба за уште шест месеци, а како причина го наведе насилството што продолжува да ја тресе земјата.
– За изборите да бидат слободни и фер и да може да се гласа без страв, неопходно е да се постигнат дополнителни безбедносни услови и затоа е неопходно да се продолжи вонредната состојба, се вели во соопштението на хунтата објавено на националната телевизија.
Сегашното раководство на Мјанмар дојде на власт со соборување на владата предводена од нобеловката Аунг Сан Су Чи.