Ирак ја покани Организацијата за исламска соработка да разговара со ЕУ за сквернавењето на Куранот

husein
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи на Ирак, Фуад Хусеин, ја повика Организацијата за исламска соработка да формира комитет за разговори со Европската унија во однос на оние нејзини членки кои дозволуваат сквернавење на Куранот, како и да покани доброволци да иницираат судски случаи, за да не се прекине оваа практика.

Хусеин ги повика и Обединетите нации „да преземат мерки за да се спречат ваквите инциденти“.


Тој ги упати своите апели на онлајн состанокот на министрите за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка, кој беше свикан за да се разговара за неодамнешните инциденти во Шведска и Данска во кои копии од Куранот беа запалени или на друг начин сквернавени – на протестни собири дозволени од тие земји.

Организацијата со седиште во Џеда по состанокот не донесе никаква одлука, ниту пак излезе со соопштение. Меѓутоа, претходно донесе одлука да го прекине учеството на специјалниот пратеник на Шведска во знак на протест поради палењето на исламската света книга.

Во пресрет на митингот, двајца мажи кои претходно запалиле копија од Куранот во Шведска повторно го сториле тоа – пред неколку десетици набљудувачи и дваесетина противници кои протестираа против чинот.

Нема закони против богохулењето ниту во Шведска, ниту во Данска, а слободата на изразување е високо ценета.

Сепак, најновите палење на Куранот предизвикаа демонстрации и дипломатски одмазднички мерки во муслиманските земји, а официјалните лица во скандинавските земји почнаа да размислуваат за можно спречување на јавно сквернавење на светите книги и другите верски симболи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK