Министрите на ДУИ и формално ќе ги поднесат условените оставки на седница на Влада, за опозицијата потегот е политички маневар за дефокус на јавноста

ustav
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Условените оставки на министрите од ДУИ денеска формално ќе бидат доставени до премиерот на владина седница потпишани поединечно од секој од петмината министри, најави вчера шефот на дипломатијата и потпретседател на ДУИ Бујар Османи.

Оставките, како што образложеи, по автоматизам ќе се активираат веднаш штом бидат усвоени уставните измени, без нови одлуки од партијата, како што е наведено во писмото од партискиот лидер. Ова се ретки времиња во историјата на една држава кога партиските и личните агенди и кариери се помалку важни од одговорноста што секој ја носи во однос на иднината на земјата и на граѓаните, наведе Османи во телевизоско гостување појаснувајќи го потегот. Во однос на ставот на опозицијата дека нема разговори за уставните амандмани и дека сега на маса се само предвремни избори, оцени дека со тоа на виделина излегуваат двете различни агенди –  изборите, личните агенди, партиските агенди наспроти државните интереси.


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како дел од засилената дипломатска активност, а во контекст на европските интеграции на земјава, испрати писма до повеќе политички центри во рам

-Сите барања на опозицијата ги исполнуваме едно по едно. Бараа гаранции – ги добија од меѓународната заедница, бараа излегување на ДУИ (од Владата) – го добија со одлука која што влегува по автоматизам во сила. Мора секој да покаже одговорност во овие важни моменти, секој да исчекори дел од патот. ДУИ го направи својот чекор, очекуваме секоја од политичките партии да направи чекор, да се сретнеме на средина, да го обезбедиме европскиот пат, потоа ќе одиме на избори. Истиот момент кога ќе се изгласат измените, со што ќе се обезбеди европската иднина на граѓаните ќе одиме на избори. Се што ќе побараат за уставните измени ние сме спремни да исполниме, вели Османи.

Прашан за изјавата од опозицијата дека оставките се само фолирање, Османи ги повика „да ги тестираат, да ги изгласаат уставните измени“, при што, потенцираше, по автоматизам ќе се активираат оставките на министрите, но и на сите избрани функционери во Владата од редовите на партијата.

На прашањето доколку до ноември не успеат да ги донесат уставните амандмани, кое е сценариото Б, дали ќе следат предвремени избори, Османи е уверен дека измените ќе успеат затоа што, вели, никој не успеал да ја скрши волјата на граѓаните за европската иднина на земјата.

-Уставните измени ќе успеаат затоа што е тоа волја на граѓаните за членство во ЕУ и никој не успеа во овие 30 години да ја скрши таа волја, нема да успее ниту сега. Првата битка ја добивме, граѓаните се уверија дека нема ништо спорно во уставните измени. Верувајте дека битка по битка ќе успееме пред избори да имаме уставни измени, вели Османи.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во интервју за МИА, исто така, изјави дека би ја следел одлуката на министрите на Демократската унија за интеграција и би се повлекол и тој од функцијата доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери лично и од име на пратениците на припадниците на православната вероисповед, им го честита големиот христијански празн

-Следствено ако сите си одат, зошто ја би инсистирал да останам, изјави Џафери.

Во однос на парламентарните избори вели дека негов личен став е дека избори треба да има во редовен термин и нема причина зошто да не биде тоа така, додека за тоа тоа дали избори за пократко време би помогнале ДУИ да успее да задржи што е можно повеќе гласови, вели дека за тоа треба пресметки да направат партиските органи.

Од владејачката СДСМ, оценуваат дека со депонираните оставки ДУИ покажа одговорност кон врвната стратешка цел, европската иднина на земјата и сите наши граѓани, ставајќи го при тоа државниот пред партискиот интерес. Наведуваат дека со одлуките на Централниот одбор на СДСМ, како и со оваа одлука на ДУИ, „сите услови кои ги поставуваше Мицкоски за ДПМНЕ да поддржи уставни измени се исполнети, вклучително и Влада без ДУИ“.

null

-Големите државнички одлуки бараат државнички капацитет и одговорност. На потег е Христијан Мицкоски да покаже и докаже дали има државнички капацитет, дали му е важна европската иднина на земјата или само својата фотелја во Белата палата. Членството во ЕУ е врвна стратешка цел, не е борба за власт туку борба за иднината на државата и од тоа СДСМ нема да отстапи. Со глас за Европа во македонското Собрание Мицкоски и ДПМНЕ имаат шанса, наместо да ја блокираат, наместо да ја одвојуваат македонската од европската агенда, да ја поддржат. Мицкоски мора да донесе одлука и да преземе одговорност, глас за ЕУ или изолација, соопштија од СДСМ.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, оцени дека поднесувањето на оставките од министрите од ДУИ, чие ефектуирање тие го условија со гласање на уставните измени, е политички маневар за да се дефокусира јавноста. Мицкоски вчера во гостување на ТВ Алфа рече дека правото и процедурите не познаваат постапки како условени оставки.

-Многумина тоа го нарекоа потег, но јас се чудам зошто во суштина се придава значање на нешто кое во најмала рака не е ништо, зошто тоа нешто не е ништо. Денеска слушнавме од Бујар Османи дека тие утре лично ќе ги потпишале оставките со одложено дејство и ќе ги ставеле на маса кај мандатарот, кај премиерот Димитар Ковачевски. Такво нешто правото, процедурите не познаваат, таква методологија, таков начин на поднесување нити пак правото, ниту пак процедурите во Македонија согласно тоа кое што се прописи, закони и процедури не познава. Ова е чисто некој политички маневар за да се дефокусираме, да не збориме сега за аудито, за Соравија, да не збориме за имот по западна Македонија и така натаму, а од друга страна еве направиме нешто кое што нас ќе ни купи уште некој ден повеќе па потоа ќе има нешто друго и така натаму, рече Мицкоски во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Потегот од ВМРО-ДПМНЕ, посочи Мицкоски, ќе го видат на 18 август, за кога е закажана пленарната седница за предложените уставни измени.

Вечерва во емисијата „Што не е јасно“ гостуваше професорката Гордана Силјановска Давкова која што посочи дека во македонскиот Устав има посебна глава што се однесува на вонредна и воена состо

И професорката Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, вчера во телевизиско гостување коментирајќи ги условените оставки на министрите од редовите на ДУИ, оцени дека тоа е само „политички маневар“. – Се работи за т.н оставки или симулација на оставки, бидејќи Уставот е јасен – секој министер може да поднесе оставка и преку премиерот истата се доставува до претседателот на Собранието, а тој веднаш и ги доставува до пратениците и на следната седница се констатираат оставките, рече Силјановска Давкова.

Претседателот на Алијанса за Албанците (АА) , Арбен Таравари на новинарско прашање дали АА ќе ја напушти владината коалиција по повикот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети да го следат нивниот пример со кој министрите од неговата партија поднеле оставки од функциите, кои ќе станат ефективни откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени, оцени дека станува збор за пи-ар трик.

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбер Таравари вечерва за ТВ 24 Вести изјави дека заедно со Алтернатива идниот понеделник ќе одржат протестен марш со пораката „Доста е“, со цел

-Ова е многу сериозен период за вака несериозни предлози. Мислам господинот Ахмети не размислува така и ми наликува на Пи-Ар трик. Во овој период треба да размислуваме трезвено и сериозно кога станува збор за евроинтеграциите. Во Алијанса за Албанците не се ни размислува во правец на предлогот на Ахмети, рече Таравари.

Претседателот на „Алтернатива“, Африм Гаши вели дека тој лично би сакал да поминат уставните измени, но нагласува дека тоа не зависи од бројот на пратеници од неговата партија. Тој додава дека за конечниот начин на гласање на пратениците од неговата партија ќе одлучат партиските органи.

null

 

-Јас би сакал да поминат и ние да го продолжиме нашиот интеграциски пат. Сепак, тоа не зависи од нашиот број на пратениците. Ако зборуваме хипотетички, макар да тоа е начин на кој може најдобро да се згреши, во случај да не поминат уставните измени, нема веќе никаква смисла да продолжи оваа кревко мнозинство, па затоа ќе мора да одиме на нови избори, за изнаоѓање на решение за евроинтеграцискиот процес, вели Гаши во интервју за „Локално“.

Според негови информации, уставните измени нема да поминат, бидејќи, како што посочува „самиот начин на кој е донесен предлогот во Собрание зборува за тоа дека на владејачкото мнозинство не му е умот во тоа дали ќе поминат уставните измени, туку да ја стави опозицијата на искушение и тоа да има влијание врз наредниот изборен резултат“.

Потребата за носење на уставните измени минатата недела го мина комисискиот филтер, а пленарната седница е закажана за 18 август. За да помине предлогот за уставни измени потребно е двотретинско мнозинство или поддршка од 80 пратеници. Од власта изјавија дека им недостигаат осум пратеника, од опозицијата велат не е точно дека фалат уште осум пратеника до потребното мнозинство за гласање, туку дека има пратеници од владејачкото мнозинство, вклучително и од СДСМ, кои се против уставните измени.

Усвојувањето на уставните измени е обврска од преговарачката рамка со Европската Унија и е услов за одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ до декември 2023 година и продолжување на преговорите по клстери и поглавја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK