Христодулидис: Република Кипар ќе ги пошуми областите погодени од пожарите на Родос

hristodulidis
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Република Кипар ќе ги покрие трошоците за пошумување на областите погодени од пожарите на Родос, соопшти денеска кипарскиот претседател Никос Христодулидис по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Христодулидис објасни дека конкретната иницијатива ја покренува земјата поради посебните врски со Родос, но и „поради големиот интерес и од кипарските граѓани и од кипарските бизниси кои сакаат да се вклучат во овој напор“.


Грчкиот премиер денеска е во еднодневна официјална посета на Кипар, а со кипарскиот претседател разговарале за низа теми, пред сѐ за кипарското прашање, но и за односите со Турција, енергетиката, мигрантското прашање итн.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK