Две втори и две трети места за струшките веслачи на „Суботица опен 2023“

veslanje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две втори и две трети места освоија струшките веслачи во кокуренција од над сто натпреварувачи на меѓународната веслачка регата „Суботица опен 2023“, која се одржа на Паличко езеро.

Веслачкиот клуб „Црн Дрим“ информира дека младите веслачи од клубот Ана Прентоска и Александар Хиохи го освоиле второто место во дисциплината скиф пионерки, додека Климентина Стојмилоска освоила трето место во дисциплината скиф јуниорки, а Елена Столеска третото место во дисциплината скиф сениорки.


Според клубот, одличен пласман постигнале и Христијан Китаноски, кој во дисциплината скиф јуниори освои четврто место, а Андреј Симоновиќ и Леон Шутиноски завршиле како шести во дисциплината дубл скул кадети.

Екипата беше предводена од тренерот Никола Мариноски и претседателот на клубот Здравко Голабоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK