Во банкрот оди една од најголемите шпедиции во САД

kamioni
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Јелоу“, една од најголемите логистички компании за транспорт на товар со мал габарит во САД оди во стечај, јави Ен-пи-ар.

За време на пандемијата шпедицијата доби 700 милиони долари федерален пандемиски кредит, соопшти синдикатот Тимстерс џенерал кој претставува 22,000 синдикални работници на оваа компанија.


Синдикатот веќе добил известување од правниците за запирање на операциите на компанијата и дека поднесува стечај, се вели во соопштение за јавноста од синоќа.

-Ова не се добри вести, но не изненадуваат. Денеска е тажен ден за работниците и за американската транспортна индустрија, изјави Шон О’Брајан, претседател на Тимстерс.

Поднесување банкрот се очекува најрано денеска, според експерти од оваа индустрија, а после губењето на многу клиенти во време на напрегања со синдикатот и по повеќегодишните финансиски проблеми.

„Јелоу“ ангажира вкупно 30,000 работници и ова се очекува да биде најголемиот банкрот во бизнисот со транспорт и логистика во САД. Компанијата е трета по големина малогабаритна шпедиција во земјата според приходи, после „Федекс“ и „Олд доминион“. Малогабаритните компании превезуваат товар на палети, помал од контејнер но поголем од пакет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK