Во Битола на 84 години почина Гоце Гроздановски – Моцарто, познат македонски спортски ракометен работник.
Тој беше еден од основачите на РК Пелистер, познат ракометар, тренер и прв македонски меѓународен ракометен судија.
Гроздановски повеќе од 40 години бил член во управата на РК Пелистер и почитуван работник од спортската јавност во државата и странство.
Неговиот погреб ќе биде утре во црквата „Света Недела“ во Битола.