Овчеполските земјоделци трет ден на блокади, Водостопанство го решава проблемот со кражби во Долни Балван

zemjodelci 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Трет ден протестираат земјоделците од Овче Поле и денеска со трактори ја блокираа едната коловозна лента на патот Свети Николе – Велес. Бараат во системот за наводнување да имаат доволно вода за нивните земјоделски култури.

Земјоделецот, Тони Јакимовски има шест хектари под пченка, но какошто вели годинава ќе нема род од неа и во моментот да пристигне вода. Пченката е изгорена, а со тоа и неговата инвестиција од само 4.000 евра во семенски материјал.


-Нема спас на ова, директтно орање на целата нива, еве гледате нема спас и сега да ми ја пуштат водата за наводнување, вели Јакимовски.

Младиот земјоделец, Никола Стојанов од село Пеширово вели дека неговото семејство егзистира само од земјоделство, а годинава она што ќе го соберат од нивите нема да биде доволно за да ги покрие сите трошоци кон државата и Водостопанство.

Директорот на Водостопанство „Брегалница“, Благојчо Богатинов за МИА вели дека синоќа екипи на претпријатието биле на терен во атарот на карбинското село Долни Балван каде се решавал проблемот со кражби на вода од системот за наводнување. Тој се надева дека акцијата ќе има ефект и вода ќе има за сите земјоделци.

-Населението во Балван неколкупати беше предупредувано дека водата не смее да се краде, туку дека водата е за сите. Истото право го имаат и во Свети Николе. Со асистенција на полицијата вчера беа затворени затворачи, и денеска во овчеполско вода има. Согласно направениот договор, иако доцниме со испорака на вода заради кражбите, вели Богатинов.

Богатинов забележа дека мора да се врати солидарноста кај земјоделиците за сите да добијат навремено вода за наводнување на нивите.

-Нема солидарност кај земјоделците, некои наводнуваат и по неколкупати, некој ниту еднаш. Ќе кажам повторно совеста треба да проработи, додава Богатинов. Од полицијата потврдуваат дека тие биле повикани со цел да се воспостави поволен јавен ред и мир. Додаваат дека нарушувања во текот на вчерашниот ден немало.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK