Збратимена општина од Турција донираше 80 клупи за седење во Радовиш

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Збратимената општина Ергене од Турција донираше 80 клупи за седење во Радовиш, кои ќе бидат поставени во градот и населените места.

Како што информираа од Општина Радовиш, делегации на двете турски збратимени општини, Ергене и Јалова-Ташкопру, престојуваат во Радовиш по повод традиционалниот „Јуручки фестивал“, што годинава се одржува по 15 пат под покротивителство на Општината, а во организација на КХО на Турците од источниот дел на државата.


Градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов организирал прием за гостите од Турција, на кој бил искажана голема благодараност за донацијата.

Градоначалниците на Радовиш и на Ергене, Расим Јускел, искажале желба за продлабочување на соработката, особено во бизнисот и туризмот со цел заеднички да се овозможи подобра иднина на збратимените општини и народи, а била договорена и возвратна посета на општина Ергене.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK