Си: Неопходно е да се забрза процесот на модернизација на кинеската армија

si
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Република Кина, Си Џинпинг, изјави дека е неопходно да се забрза процесот на модернизација на кинеските вооружени сили.

– Потребно е да се унапреди воената подготвеност и да се обезбеди безбедност на воздушниот простор со редовна противвоздушна одбрана, рече Си за време на инспекцијата на Западната борбена командна зона, пренесува Синхуа.


Тој повика на континуирани напори за спроведување на обука во реални борбени услови.

– Новата опрема и сили треба да се интегрираат во постоечките борбени системи, рече Си и додаде дека партијата мора да го задржи лидерството над вооружените сили во идеолошки, политички и организациски аспект.

Тој побара и подобро однесување на партијата и спроведување на партиската дисциплина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK