Јувентус исфрлен од Конференциската лига

juventus
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус е исфрлен од овосезонската Лига на Конференции поради кршење на правилата за финансискиот фер-плеј, објави синоќа УЕФА.

Раководното тело на европскиот фудбал, исто така, го казни и Челзи поради кршење на правилата на финансискиот фер – плеј како резултат на „поднесувањето нецелосни финансиски податоци“.


УЕФА наведе дека станува збор за трансакции кои датираат меѓу 2012 и 2019 година.

Јувентус е казнет со 17.4 милиони фунти, додека Челзи е казнет со 8.57 милиони фунти.

Италијанскиот клуб ќе мора да плати само половина од својата казна доколку неговите финансиски податоци за следните три години се во согласност со прописите, додека Челзи веќе се согласи да го плати износот на казната.

Италијанската фудбалска федерација сега треба да ја извести УЕФА која екипа ќе го заземе место на Јувентус во Конференциската лига, а според најавите тоа ќе биде Фиорентина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK