Бајден: Климатските промени се егзистенцијална закана

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Климатските промени се „егзистенцијална закана“, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден во време кога, според него, повеќе од 100 милиони Американци во моментов се соочуваат со рекордна топлина.

– Мислам дека веќе не е можно никој да го негира влијанието на климатските промени, додаде Бајден во изјавата дадена истиот ден кога генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени дека светот влегол во „ера на вриење“ и оти повеќе не е во ера на затоплување.



Бајден рече дека жештината е водечка причина за смртни случаи поврзани со климата и временските услови во САД, и оти од неа умираат 500 луѓе годишно, повеќе од поплави или урагани.

Американскиот претседател најави серија акции, кои ќе бидат финансирани од големиот инвестициски план за транзиција на енергијата веќе одобрен од Конгресот, за зајакнување на складирањето вода во западниот дел на САД и за подобрување на националниот систем за прогноза на времето.

Тој вети и поголема заштита на работниците кои се најмногу изложени на рекордно високи температури, особено во земјоделството и градежништвото.

Бајден преку видео врска разговараше со градоначалничката на Феникс во Аризона, Кејт Галего, која рече дека нејзината држава, иако навикната на интензивни горештини, минува низ лето без преседан. Тој разговараше и со градоначалникот на Сан Антонио во Тексас, Рон Нирнберг, и на шега му рече дека се надева дека неговиот клима-уред работи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK