– Американскиот бруто домашен производ пораснал за 2.4 отсто на годишно ниво во вториот квартал годинава, иако Федералните резерви во изминатиот период ги покачија каматните стапки на рекордно високо ниво.
Во брзото економско закрепнување е пресметана и инфлацијата.
-Ова е побрзо и од очекувањата на економистите, и повеќе од два отсто раст на БДП во првиот квартал, соопштија денеска од Министерството за економија на САД (Commerce Department).
Набљудувачите сметаат дека ова е добар знак за економскиот раст и долгото постпандемиско ширење на економијата на САД.
Таа се прошири повеќе од 2 отсто стапка, а после млакото забавување на почетокот на 2022 година, и растежот на економијата е во склад со стапките на раст забележани во декадата пред настапот на пандемијата.
Економистите велат дека потрошувачката е малку успорена но доволно порасната да го „вози“ растот, заедно со посилните бизнис инвестиции во вториот квартал. Овие фактори комбинирано ги прекрија претходните очекувања за спад на економијата кој би започнал од средината на 2023 година а како последица на повисоките каматни стапки.
Економијата сега е „избалансиран меѓу рецесија и не рецесија“ додека инфлацијата е опадната од историски забележаните стапки. Пазарот на трудот останува силен и изгледите за „меко приземјување“ на економијата без рецесија се многу поверојатни, со стапки на инфлација од 2 отсто кои се блиски на целите поставени од Фед.