Општина Дојран обезбеди еднократна парична помош за секое прваче од 4.000 денари

dojran
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од оваа учебна година Општина Дојран обезбеди еднократна парична помош во износ од 4.000 денари за секо прваче.

Ова го објави градоначалникот Анго Ангов и ги повика родителите да ги поднесат потребните документи до Општината.


-Секое семејство кое живее на територијата на Општина Дојран, со дете кое веќе уредно е запишано во ООУ „Кочо Рацин“ Нов Дојран, односно во некое од подрачните училишта во населените места од општината, има можност да добие еднократна исплата од 4.000 денари, напиша Ангов.

За да ја искористат еднократната парична помош родителите на првачињата треба да достават извод од матична книга на роднеите на детето, број на трансакциска сметка на родителот, копија од лична карта на еден од родителите и потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK