– Младинскиот репрезентативец на Португалија, 19-годишниот Нилтон Мело, е нов ракометар на Вардар 1961, објави попладнево македонскиот прволигаш.
Португалскиот лев бек потпиша двегодишен договор со двократниот европски првак и треба да биде поддршка за Стефан Петриќ и Марко Мишевски, кои играат на истата позиција во редовите на „црвено – црните“.
Нилтон потекнува од академијата на Спортинг Лисабон, а изминатата сезона го носеше дресот на португалскиот прволигаш Виторија.
Претходно Вардар 1961 потпиша и со Кубанецот Хансер Микел Родригер.