Ѓуроски: Ни претстојат тешки натпревари во олимписките претквалификации

gjurovski_23432432423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Македонските кошаркари ги очекуваат тешки натпревари на претстојниот претквалификациски турнир за пласман на Олимписките игри 2024 во Париз, оцени денеска еден од најискусните играчи во репрезентацијата, Стојан Ѓуроски.

Искусното крило е свесен дека пред него и соиграчите се јавува нов предизвик кој со себе го носи играњето во претквалификациите за настап на Олимписките Игри во Париз.


– Ни претстојат тешки натпревари бидејќи за противници имаме три исклучително силни репрезентации. Дуелите ќе бидат од големо значење за нас за она што следува натаму – квалификациите за Европското првенство и мислам дека ова ќе биде добра подготовка и треба да се претставиме во најдобро светло, изјави Ѓуровски на официјалниот сајт на КФСМ по првиот одработен тренинг од подготовките во Скопје.

Ѓуроски верува во тимот кој ќе биде дел од овој репрезентативен циклус, а во кој од 12. до 15. август, во Талин, ги очекуваат натпревари со селекциите на Израел, Чешка и домаќинот на собирот – Естонија.

– Верувам дека можеме добро да се подготвиме и да го покажеме целиот наш потенцијал на турнирот во Талин, додаде Ѓуроски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK