Руската Дума ја крена старосната граница за задолжително служење воен рок

vojnik_2343243234
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Рускиот парламент денеска изгласа зголемување на старосната граница за задолжителна воена служба од 27 на 30 години, откако вооружениот конфликт во Украина навлезе во својот 18-ти месец.

Пред да стапи во сила, текстот сè уште треба да биде одобрен од Советот на Федерацијата, Горниот дом на Парламентот и да го потпише претседателот Владимир Путин, што во дадениов случај ќе биде формалност.


„Од 1 јануари 2024 година граѓаните на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани на воена служба“ се навеудва во одредбите од законот усвоен во второ и трето читање во руската Дума, Долниот дом на рускиот Парламент, што е најважната фаза за законодавниот процес во земјата.

Оваа мерка овозможува значително зголемување на бројот на активни руски војници без прибегнување кон нова мобилизација на потенцијалните резервисти. Москва веќе мобилизираше речиси 300.000 војници во септември 2022 година за нејзината офанзива во Украина.

Според законот, на регрутите, исто така, им е забрането да ја напуштат руската територија од моментот кога бирото за воена обврска ќе им испрати налог за воен рок.

Со друг закон, донесен исто така денеска, се зголемуваат казните до 30.000 рубљи (околу 300 евра) за непријавување во армијата без веродостојна причина по добивањето покана за воен рок.

Рускиот парламент во април веќе усвои закон што ја олеснува мобилизацијата на Русите со зголемување на начинот на испраќање повици.

Законот, исто така, го отежнува животот на оние кои одбиваат да одговорат, спречувајќи ги да работат како претприемачи, да добијат заеми или да поседуваат сопствен стан или возила.

Многу Руси, кои требаше да ја отслужат својата задолжителна едногодишна воена служба, досега избегнуваа да бидат повикани со тоа што не се на нивната официјална адреса или со поткупување регрутери или лекари.

Со месеци Кремљ негира дека сака да почне нов бран на мобилизација за офанзива во Украина. Претходниот бран поттикна десетици илјади Руси да заминат во странство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK