Николовски во Свети Николе ги додели договорите за концесии на ловишта

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Свети Николе додели 65 договори за концесии на ловишта, на вкупно 28 корисници. Претседателот на Ловечката федерација, Влатко Алексовски, посочи дека на овој начин ловиштата се спасуваат за уште една година.

-Како претседател на Ловечката федерација на Македонија, среќен сум и задоволен што во соработка со МЗШВ, како наше ресорно Министерство, изнајдовме решение за нашиот заеднички проблем – договорите коишто минатиот декември беа истечени и оние коишто истекуваа во април 2023 година. Му благодарам на министерот што го прифати предлогот на Ловечката федерација – да направиме интервентна измена на Законот за ловство со којашто ќе овозможиме склучување на нови договори или, нашински кажано, да ги спасиме ловиштата за една година, вели Алексовски.



Договорите ги врачи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Николовски кој рече дека во моментов се работи на нов Закон за дивеч и ловство, којшто, според него, не би се задржал долго во собраниските процедури.

-Се укинува поделбата на ловишта за крупен и среден дивеч, значи, ќе бидат само на 20 години, а не како досега на 10 години. Значи, 20 години ќе бидат и верувам дека следните постапки многу бргу ќе ги спроведеме и сите ќе ги добијат договорите како што предвидува овој нов закон, вели Николовски.

Алексовски и Николовски истакнаа дека минатиот петок премиерот Ковачевски ги потпишал и измените на Законот за дивеч и ловство, со што е испратен во Собрание. Ловечката федерација се надева оти истиот ќе биде изласан и со тоа на ловството во државата ќе му се овозможи еден поинаков модел на доделување на ловиштата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK