Во селото Градашорци, во Општина Василево, се асфалтираат три улици на различни локации и се врши реконструкција пред еден од мостоците.
Како што информираа од Општината, се поставува асфалт на вкупно 912 метри квадратни со должина од 116, 95 и 30 метри и ширина од 3,5 метри.
Според информацијата од Општина Василево, градежните работи почнале пред десетина денови и сега завршуваат, а со асфалтирањето на овие улици се подборуваат условите за живеење во насEленото место Градашорци.
Средствата за асфалтирањето во износ од 1.337.435 денари се обезбедени од општинската каса.