Новиот играч на Барселона, Илкај Гундоган откри кој според него треба да ја освои Златната топка во 2023 година.
-Трофејот треба да му припадне на Лионел Меси или на Ерлинг Халанд. Не гледам никој во нивна конкуренција. Драго ми е што не е јас да одлучувам, но и двајцата го заслужуваат тоа“, го цитира „Мундо Депортиво“ Гундоган.
Триесет и двегодишниот Гундоган летово потпиша договор со Каталонците до 2025 година со опција за продолжување на уште една сезона. Во договорот е предвидена отштета од 400 милиони евра.