Владата треба да расправа за концесиите на рудникот Иловица

VLADA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата денеска на седница се очекува да расправа за концесијата за рудниците Иловица-Штука, а министерот за економија Крешник Бектеши да реферира за сите правни постапки што се преземени за овие рудници почнувајќи од 2012 година.

Од владината прес-служба во 14 часот најавија и прес-конференција на министерот Бектеши без дополнителни детали.


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи  вчера потврди дека Владата ќе расправа за концесијата и повтори дека ќе се почитува одлуката на граѓаните доколку се изјаснат против отворањето на вакви капацитети во овој регион.

Изјави на вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи пред трибината со млади на која ќе се дискутираат заклучоците на проектот „Што сак

– Откако ќе ги слушнеме сите моменти, ќе се знае кој е следниот чекор. Како Влада рековме дека ако граѓаните кажат дека не сакаат да имаат рудник, ние ќе постапиме така. Мислам дека таму еднаш имало изјаснување на граѓаните само во Босилово, подготвени сме да помогнеме сите граѓани од целиот тој регион да се изјаснат на референдум дали сакаат или не сакаат да има рудник, изјави вчера Битиќи.

Жителите и невладините организации од струмичкиот регион на 15- месецов протестираа  против отворањето на рудникот и спојувањето на концесијата, а на протестот учествуваа и министерките за труд и социјална политика и за животна средина и просторно планирање Јованка Тренчевска и Каја Шукова.

Од Министерството за економија (МЕ), минатата недела на брифинг со медиумите наведоа дека остануваат на ставот дека административно треба да се спојат двете концесии на Еуромакс Ресоурсис за рудникот Иловица. Тоа, посочија, им следува согласно членот 61 од Законот за минерални суровини, бидејќи концесионерот ги има двете концесии од кои првата се содржи во втората, односно е целосно опфатена во втората.

Според МЕ, и да се ревидира одлуката на Владата за спојување на концесиите, повторно компанијата ќе ги има двете концесии и ќе може да се повика на записникот што го има направило Министерството за економија на 5 февруари 2016 година кога излегле на терен и констатирале дека може да продолжи постапката за спојување на концесиите по претходно поднесеното барање на компанијата. За тоа ќе можат да поднесат тужба до Управниот суд кој веќе одлучи да им се врати концесијата што претходно им ја одзеде Министерството за економија.

Министерството во три наврати поднело предлог до Владата да се спојат концесиите. Во 2018 година предлогот бил одбиен заради изборите, во 2019 година не добиле ни позитивно, ни негативно мислење. Последниот предлог заедно со комплетната документација и сите претходни позитивни мислења за концесиите од надлежните институции бил доставен на 26 јуни годинава, а на 27 јуни Владата на седница дала позитивно мислење.

Од Министерството сметаат дека давањето позитивно мислење за спојување на концесиите ќе спречи компанијата да поведе арбитражна постапка против државата и оти ќе овозможи најрано за четири години Еуромакс Ресорурсис да може да добие дозвола за експлоатација, бидејќи повторно ќе треба да ја почне постапката за нејзино добивање и ќе треба да поднесе нов елаборат за заштита на животната средина што ќе треба да го одобри Министерството за животна средина и просторно планирање и за кој е предвидена јавна расправа со локалното население. Покрај тоа, со спојувањето на концесиите двете ќе важат до 2042 година, а важноста на првата концесија е до 2046 година.

Владата денеска го задолжи Министерството за економија на првата наредна седница, односно наредниот вторник да ја информира Владата за сите управни и судски постапки, одлуки, заклучоци и инфо

Во 2019 година Министерството за економија го одби барањето на Еуромакс Ресоурсис за издавање на дозвола за експлоатација на минерални суровини во Иловица заради некомплетна документација и на 16 декември 2019 година  донесе решение за раскинување на првата концесија. Компанијата се жалела на Управен суд кој донел решение за враќање на концесијата на кое Министерството за економија нема право на жалба. Барањето за првата концесија за детални геолошки истражувања е поднесено на 27 октомври 2005 година, а решението за доделување е донесено во 2006 година. Барањето за втората концесија за експлоатација на минерални суровини е поднесено во 2011 година, а одлуката за екосплоатација на бакар и злато е донесена во 2015 година.

Владата требаше да расправа за спојувањето на концесиите уште минатата недела, но тоа не се случи поради тоа што министерот за економија беше на службено патување надвор од државата.  Расправата ја најави министерката Тренчевска уште при нејзиното учество на протестот на граѓаните против отворањето на рудникот.

Според Тренчевска, одлуката за спојување на концесиите за рудникот била донесена како дополнителна точка и во такви случаи „се потпираат на образложението што го дава ресорниот министер“.

-Рудник нема да има, затоа што ставот на министрите од Социјалдемократскиот сојуз е ист со ставот на граѓаните од општините во струмичкиот регион, Ново Село, Босилово и Василево. Гласањето за таа точка на самата седница беше ставено дополнително, и вообичаено кога имаме дополнителни точки образложението што го дава министерот надлежен за одреден ресор е образложение на коешто ние се потпираме и затоа ја гласавме точката, изјави Тренчевска.

За спојувањето на концесиите во изминатиот период реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде обвинија дека на сметка на колективниот интерес на граѓаните во тој регион „се брани интересот на приватниот инвеститор кој е близок до оваа влада и до ДУИ“.

-Бектеши ја брани одлуката за спојување на рудници, а пoловина Влада вели дека била излажана. Имаа владина седница пред некој ден ни „а“ ни „б“ поврзано со концесијата и секој ден ги гледаме лажат ли лажат. Тука се е јасно, односно дека Владата брани приватен интерес на компанија која е блиска до ДУИ и оди против интересот на граѓаните од тој крај, изјави минатата недела претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK