Израелската полиција денеска употреби водени топови и уапси шестмина демонстранти пред Парламентот, пред клучното гласање за судските реформи.
Околу 150 големи фирми, вклучително и банки, денеска започнаа штрајк поради судските реформи.
Судските реформи предвидуваат намалување на ингеренциите на судиите на Врховниот суд и ќе ги спречи да ги поништат владините одлуки за кои сметаат дека се „неразумни“.
Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху тврди дека предложените реформи ќе ги спречат прекумерните овластувања на судиите, кои паѓаат на демократскиот тест на изборите и ќе обезбедат подобар баланс на силите.
Противниците го обвинуваат Нетанјаху, кому му се суди за корупција, за конфликт на интереси.