Фудбалерките на САД со победа ја почнаа одбраната на светската титула

svetsko_zeni_78787887
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Американските фудбалерки победнички ја почнаа одбраната на светската титула, откако денеска во Оукленд триумфираа над Виетнам со 3-0 во својот воведен натпревар на Мундијалот што се одржува во Нов Зеланд и Австралија.

САД, предводени од македонскиот стратег Влатко Андоновски на селекторската клупа, лесно дојдоа до победата со головите на Софија Смит (14 минута, 45+7), и Линдзи Хоран (77).


Вториот натпревар во рамки на групата Е меѓу Холандија и Португалија е на програмата утре.

Денешната програма на женскиот Мундијал во фудбал вклучува уште три натпревари меѓу Замбија – Јапонија, Англија – Хаити и Данска – Кина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK