Алкалоид доби силни противници во Европската лига

alkaloid rakometen klub
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид денеска со жрепка во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги дозна противниците во својата дебитантска сезона во групната фаза во Лига Европа.

Предводени на клупата од македонскиот селектор Кирил Лазаров, ракометарите на Алкалоид ќе играат во групата Ц во која за противници ги добија дански Силкеборг, шпанска Ла Рига и српска Војводина.


Натпреварите по групи во второто по ранг европско клупско натпреварување ќе почнат на 17 октомври.

Пласман во групната фаза ќе се обиде да обезбеди и Вардар 1961 за што ќе биде потребно успешно да го мине квалификациите против гермaнски Рајн Некар Ловен.

Вкупно 32 екипи се поделени во осум групи од кои по двете првопласирани ќе продолжат во втората групна фаза.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK