Министерот за одбрана на Србија го обвини Косово за дополнително вооружување

srbija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Приштина ги вооружува своите Косовски безбедносни сили со моќни системи за да ги трансформира во Војска на Косово, изјави српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, тој за белградската ТВ Прва изјави дека „ова е најфлагрантно кршење на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и на Кумановскиот договор“.


Освен беспилотни летала-дронови, како донација од Турција, тие добија и други системи – хаубици, минофрлачи, противоклопни системи, офанзивни системи. Испраќаат офицери на обука во земјите на НАТО, а имаат и заеднички вежби, изјави Вучевиќ за ТВ Прва.

Тој повтори дека зачувувањето на мирот и стабилноста е национален интерес на Србија.

-Оружјето на Приштина не може да се спореди со воениот потенцијал на Војската на Србија, но тоа се јасни показатели дека тие имаат стратегија за развој на своја војска на Косово, рече Вучевиќ.

Тој додаде дека Србија во однос на таа ситуација мора да ги постави своите оперативни планови и, како што рече, дополнително да ја обучи армијата и да инсталира соодветни системи на воена опрема, додавајќи дека „ние апсолутно имаме одговор на тоа“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK