Во Скопје казнети 213 возачи, 111 за брзо возење

mvr_stop_56756
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На територија на Скопје вчера во сообраќајна контрола полицијата казнила 213 возачи, од кои 111 за возење со брзина поголема од  дозволената.

Како што информира МВР, девет санкции се изречени за возење без возачка дозвола, 10 за прекршоци од  возачи на мотоцикл.


-Изречени се десет мерки за користење мобилен телефон при возење и пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР укажува дека собраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK