Писателката Лидија Димковска учествува на книжевни настани во Велика Британија

lidija dimkovska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Писателката Лидија Димковска е на книжевна резиденција во Лондон, каде што учествува на повеќе книжевни настани.

На почетокот на месецов таа настапи со поетско читање и разговор на меѓународниот поетски фестивал во Ледбури, а в недела (23 јули) ќе настапи и на Меѓународниот поетски фестивал во организација на Националната поетска библиотека при Центарот „Саутбан“  во Лондон.


На фестивалот, основан од Тед Хјуз во 1967 година, Димковска ќе учествува во дебатата „Мојата уметност, мојот активизам“, како и на поетското читање во чест на 70-годишнината од постоењето на Националната поетска библиотека која претставува најголема јавна колекција на поезија во светот.

На 25 јули, Димковска ќе има книжевна вечер во книжарницата Вотерстоунс во Кентербери на која, заедно со преведувачката Патриша Марш Стефановска, ќе го претстават изборот од нејзината поезија „Како е тоа?“ што неодамна излезе на англиски јазик во Велика Британија.

Како што соопшти авторката, неделникот „Тајмс Литерари Саплмент“ во своето последно издание објави извонредна критика за изборот, а британскиот музичар Кристофер Бенстед заедно со словенечката кореографка Андреја Подржавник подготвија танцов перформанс базиран на поезијата на Димковска со кој на 29 јули ќе настапат на меѓународниот летен фестивал на Сардинија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK