Македонските каратисти ги поминаа тежинските контроли на ЕП во боречки вештини

karatisti_#$543543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Македонската универзитетска карате репрезентација, предводена од селекторот Бошко Заборски и тренерот Жарко Арсовски, денеска успешно ги помина тежинските контроли за пријавените спортисти на Европското првенство во боречки вештини во Загреб.

 


Во македонската репрезентација се: Симона Заборска – 61 кг, Викторија Јовановска – 61 кг, Јорданова Ивана -50 кг, Манева Бојана +68 кг, Давид Петков -67 кг, Петар Заборски -75 кг, Петар Спасеновски -84 кг, Илиевски Димитар -75 кг, Трајковски Витомир -84 кг, Стефан Стојанович +84 кг, Глигор Хаџи Кимов -84 кг, Цане Давитков +84 кг и Марко Бунтески – Кати

 

Утре започнуваат елиминациските борби за сите спортисти кои се пријавени во поединечните категории во дисциплините борби и кати.

 

На европското универзитетско првенство на боречки спортови, кое се одржува во Загреб, до сега има пријавено 1.500 спортисти од  395 универзитети  од 30 европски држави.

 

Во Загреб ќе се одржат натпревари во четири боречки спортови: карате, џудо, таеквондо, и  кикбокс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK